Верниците в црква на Голема Богородица


Фото: Б. Грданоски

Денеска е Успение на пресвета Богородица, празник што за скопјани има посебно значење, бидејќи Богородица е прогласена за заштитничка на главниот град.

Многумина од рано наутро ги наполнија црквите, осбено храмот посветен на Богородица во скопско Пајко маало. 

Фото: Б. Грданоски

Годинава, како и лани, посетата на црквите е ограничена поради протоколите заради заштита од ширење на корона вирусот. Но, тоа не ги обесхрабри скопјани, да појдат во светиот храм, да се прекрстат и да запалат свеќа за здравје. 

Оние кои влегоа во црквата носеа заштитни маски и внимаваа на растојанието. Свеќа запалија надвор, каде наполнија и света вода, а попот ги мироса. 

Фото: Б. Грданоски

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. Седум маченици Макавејски.

Фото: Б. Грданоски

Низ цела Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Богородица се одржуваат масовни народни собири.

Фото: Б. Грданоски