Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“
Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави тие да можат да се користат од почетокот на следната недела.
– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, објави британската Влада.
Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина.
Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела кога се очекува да почне да ги вакцинира граѓаните против Ковид-19. Британскиот министер за здравство Мет Хенкок за Скај Њуз истакна дека станува збор за „фантастична вест“.