Велика Британија претседава со виртуелниот состанок на 35 земји посветен на Ормуска Теснина


Велика Британија денеска е домаќин на виртуелните разговори наменети за формирање на коалиција од земји кои ќе ги разгледуваат начините за повторно отворање на Ормуска Теснина.

Состанокот уследи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедувањето на Ормуска Теснина треба да го решаваат другите држави.

Со состанокот, на кој учествуваат претставници од 35 држави, меѓу кои Франција, Германија, Италија, Канада и Обединети Арапски Емирати, претседава шефицата на британската дипломатија Ивет Купер.

Таа ја посочи итната потреба за повторно воспоставување на слободна пловидба за меѓународните бродови низ Ормуска Теснина.

Според неа, на денешниот состанок, разговорите ќе бидат насочени кон „колективна мобилизација на целиот спектар на дипломатски и економски алатки и притисоци“.

– Учесниците ќе разговараат и за активностите за гарантирање на безбедноста на бродовите и морнарите, како и за ефикасна координација низ целиот свет за да се овозможи безбедно и одржливо отворање на морзеусот, посочи Купер.

Денешните разговори ќе го означат првиот формален состанок на групата пред подетални разговори во кои ќе учествуваат воени планери во текот на наредните недели.

Трамп вчера изјави дека другите земји што ја користат Ормуска Теснина треба „да изградат одредена одложена храброст и едноставно да го зграпчат.

– Само земете го, заштитете го, користете го за себе, наведе Трамп.