Велика Британија го повика иранскиот вршител на должност на состанок за трансферот на балистички ракети во Русија


 Британското Министерство за надворешни работи го повика иранскиот вршител на должност на иранската амбасада во Лондон на разговори во врска со трансферот на ирански балистички ракети во Русија, објавија британските медиуми.

-Денеска, во координација со европските партнери и под инструкции на министерот за надворешни работи, вршителот на должноста на иранската амбасада во Лондон беше повикан во Одделот за надворешни работи, Комонвелтот на нации и развој. Владата на Обединетото Кралство јасно стави до знаење дека секое пренесување на балистички ракети во Русија ќе се смета за опасна ескалација и ќе биде проследено со значителен одговор, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на посетата на Лондон изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги употреби против Украина во следните недели.

Британија, САД и некои европски земји вчера ги осудија испораките на ракети.

Велика Британија воведе санкции за ирански граѓани и правни лица поврзани со производство на беспилотни летала и проектили. Лондон ги санкционираше и руските товарни бродови кои учествуваа во транспортот на ракетите од Иран во Русија.