Велешката „фабрика“ се вклучува во изборот на Бојко Борисов?
Вкупно 9.839 евра. Толку платиле две веб-страници за реклами на Фејсбук во корист на премиерот Бојко Борисов за нешто помалку од три месеци. Интересно е што меѓу модераторите на страниците има и Македонци.
По скандалите со политичките реклами при изборот на Доналд Трамп и околу Брегзит, Фејсбук ја лансираше алатката „Библиотека со реклами“. Во неа може да се идентификува какво било изборно, политичко или национално рекламирање и може да се види кој платил за тоа. На овој начин Фејсбук не е одговорен за содржината, но ги зема парите за рекламирање.
Така, веб страницата „Победник“ @ Vozhda2021 се најде на шестото место во Бугарија според парите потрошени за политичко рекламирање во последните три месеци со сума од 3.305 евра. Основана е на 29 октомври 2020 година. Четворица од луѓето што ја водат страницата се наоѓаат во Бугарија, а двајца – во Северна Македонија. Тие избраа да не им се гледаат имињата на социјалната мрежа. Сите објави се состојат од фотографија на премиерот Бојко Борисов со текст – слоган до неа, како на пример „Можеш да запреш при успон, но не и кога паѓаш“. Во делот „информации“ стои дека зад објавата стојат „Граѓани за демократија и европски пат на Бугарија!!“