Зарина Првасевда и Васил Хаџиманов вечерва на свеченото отворање на македонскиот КИЦ во Белград


На ул. Македонска 30 во Белград вечерва во 20 часот ќе биде и официјално отворен македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Под насловот „Ајде, слушај, слушај“, ќе настапи Зарина Првасевда, а специјален гостин ќе биде музичарот Васил Хаџиманов.  Во ликовниот дел од програмата ќе може да се види ретроспективна изложба на 25 уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).

На свеченото отворање ќе присуствуваат македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ, кои и ќе се обратат пред присутните. Ќе се обратат и директоротт на нашиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, амбасадорот во Србија Никола Тупанчески и потпретседателот на македонската влада Иван Стоилковиќ.

На свеченоста ќе се дегустира македонско вино, од гевгелиското поднебје.