Вечерва се одржуваат наградите БАФТА: Филмот „Конклава“ е главен фаворит

Церемонијата на доделување на филмските награди Бафта ќе се одржи вечерва во лондонската кралска фестивалска сала, а ќе опфати 25 натпреварувачки категории за кои одлучуваат членовите на БАФТА.
Се очекува трилерот „Конклава“ да освои најмногу награди во повеќе категории, а некои од неговите конкуренти ги вклучуваат „Бруталист“, „Анора“, „A Complete Unknown“ и „Емилија Перез“.
До минатиот месец очекувањата беа дека „Емилија Перез“ ќе освои најмногу награди, но по бројните погрдни изјави на главната актерка Карла Софи Гаскоњ, успехот на филмот падна во втор план.
Филмот „Конклава“ има 12 номинации, „Емилија Перез“ има 11, а „Бруталист“ девет. Во филмот „Конклава“ играат Ралф Фајнс, Стенли Тучи, Џон Литгоу, Лусијан Мсамати. Годинава за прв пат ќе биде доделена награда за најдобар филм за деца.
Домаќин на програмата на наградите ќе биде Дејвид Тенант, а само некои од познатите личности кои ќе присуствуваат на настанот се Деми Мур, Тимоти Шаламет, Хју Грант, Ана Елизабет Еберштајн и Аријана Гранде. Некои од нив беа номинирани за награди за најдобар актер и споредна машка улога.
Принцот Вилијам и принцезата Кејт изјавија дека овој пат нема да присуствуваат на настанот.