Вечерва нов протест за случувањата на Онкологија


Фото: Б. Грданоски

Вечерва нов протест поради  случувањата на Клиниката за Онкологија. Се бара истрага за можна вмешаност на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата за работата на Детска онкологија, како и целосна ревизија на работата на клиниката.

Организаторите на протестот велат дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите.

Обвинителството отвори истрага за случајот, откако во медиумите беа објавени информации за криминална бизнис мрежа на Клиника за онкологија за препродавање на лекови, односно дека биле вклучени повеќе доктори и медицински лица од Клиниката.