Вечерва ќе биде затворен за сообраќај дел од бул. „Крсте Мисирков“
Градот Скопје јавува дека вечер, од 22 часот до 5 часот наутро, поради изведба на градежни работи на булеварот „Крсте Мисирков“, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна).
Додека екипите ќе работат на терен сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата „Кеј 13 Ноември“ (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите.
Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.