Вечер по 21 часот замрачување на Месечината

Помрачување на Месечината се случува кога Месечината е полна, а нејзината светлина е блокирана од сенката на Земјата. Тоа ќе се случи вечерва во 21:24 часот. Овој природен феномен делумно или целосно ќе биде видлив во поголем дел на Европа, но последиците што ќе ги остави се многу поинтересни. Првата лунарна еклипса е во Стрелец, што е огнен знак.

Астролозите велат дека помрачувањето на Месечината е време на мистерии и време за подзастанување и преиспитување на самиот себе, за повторно согледување на работите, но од друг агол. Тоа било нова прилика да се исправат старите грешки и да се почне од почеток. Исто така, и можност да се завршат незавршените работи, но не и да се почнуваат нови.

Лунарното затемнување е време на мистерија и магија, но и измами.

Месечината е поврзана со детството, времето кога човекот е најранлив. Ова значи дека затемнувањето ќе разбуди стари емоции, но и желбата да се разделиме од оние кои влијаат на нашето минато. Ова е време на интуиција, затоа што сè ќе биде различно и променето, а внатрешното чувство е единственото нешто што треба да се поверува.