Ватерполо и тенис најбезбедни спортови, кошарката во најзагрозената категорија

Министерството за спорт и Олимпискиот комитет на Италија напраија листа спортови по категории за ризик од ширење на корона вирусот.
Обемната студија направена е во соработка со научни институции од Италија и подели 387 спортски дисциплини во ранг од 0 до 4.
Како што се наведува, спортови во кои нема никаква можност од ширење на заразате се: едрење, пливање во отворени води, голф и тенис.
За тенисот има и правила, па така тенисерите треба да носат очила и ракавици, да си носат свои топчиња за сервис и да се избегнува истовремено излегивање на мрежа на двајцата тенисери.
Во категорија од 0 и 1 се исклучиво индивидуалните спортови, како атлетиката.
Кај колективните спортови, најмал ризик од ширење на вирусот има ватерполото, кој е во категорија два затоа што се одржува во хлорирана вода, која го уништува вирусот.
Фудбалот е сместен во категорија три, додека кошарката, ракометот и одбојката се најризични во четвртата категорија, како и сите боречки спортови.
Се наведува дека спортовите во сала имаат повеќешанси за контакт, помал е просторот, а при одбојка играчите се блиску еден до друг затоа што се игра на мрежа.
За играчите на колективни спортови се препорачува да се тестираат пред секој натпревар 48 часа претходно, а играчите на клупа да носат маски и да се дезинфицираат сите реквизити.