„Васил Ѓоргов“ утре целосно затворена поради градежни активности


Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре), по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов, согласно со привремениот режим на сообраќај.

Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа.

Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.