Вашингтон пост: Истрага на Стејт департментот за меиловите на Хилари Клинтон


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги истражува електронските пораки на десетици сегашни и поранешни високи функционери на Стејт департментот, испратени на приватниот е-маил на Хилари Клинтон во време кога таа беше државен секретар, соопштија сегашни и поранешни функционери на Стејт департментот.

Истражителите на Стејт департментот во последните неколку недели контактирале со околу 130 службеници, вклучувајќи ги и оние кои директно одговарале на Клинтон, како и со пониски функционери, кои во одреден момент испратиле меил до Клинтон.

Според писмата, во кои имал увид „Вашингтон пост“, иследниците ги известиле дека е-поштата што ја испратиле пред неколку години била ретроактивно класифицирана и оти и сега претставува „потенцијално нарушување на безбедноста“.

Официјални претставници на Стејт департментот соопштија дека следат стандарден протокол во истрагата, што започна во последните денови на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и која, сега се ближи кон крајотр.

– Ова нема никаква врска со тоа кој е во Белата куќа, рече висок функционер на Стејт департментот, кој побара да остане анонимен, додавајќи дека се потребни околу три години за да се прегледаат преку милиони е-мејлови.