Вархеи: Проширувањето на ЕУ гаранција на мирот и стабилноста на Западен Балкан


 Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи го поздрави денешното присуство на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на состанокот на Советот на ЕУ, со порака дека регионот е стратешки приоритет за ЕУ.

„Политиката за проширување на ЕУ е единствената гаранција за мир, стабилност и просперитет во регионот. Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно“, напиша Вархеи на својот твитер-профил.

Вархеји заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, присуствува на денешниот заеднички состанок во Брисел на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ и шесторката од Западен Балкан.