Вархеи бара расчистување на случајот со Ковачев


Еврокомесарот Оливер Вархеи го осуди враќањето на европратеникот Андреј Ковачев од македонската граница и побара од нашите власти да го расчистат овој случај.

-Го осудуваме одбивањето да му се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија на 6-ти мај. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на пратеник во Европскиот парламент е многу сериозна одлука, напиша Вархеи на Твитер.

-Ме интересира како ќе се оправдаат и што ќе направат, бидејќи ова за мене е нива голема  грешка. Очигледно имаат проблем со објективната историја, со човековите права, со основните
човечки европски вредности. Очекуваат, можеби, на граница да ги пуштат само оние што
изјавуваат дека Гоце Делчев е етнички Македонец. Немам поим каква идеја имаат и кој
сметаат дека е достојно да го пуштаат ако се согласи или рече „добро прифаќаме се, што и да велите вие. Така е” – изјави Ковачев за бугарските медиуми најавувајќи дека попладнево на заседанието на Европскиот парламент ќе се отвори ова прашање.