Вардариште повторно гори – огнот на 10 метри од далновод (видео)


Цело Ново Лисиче, вечерва е во чад, откако попладнево се запали дивата депонија кај Вардариште.

Паркот кај авиончето е целосно во чад. Жителите на Ново Лисиче сведочат за замагленост, а велат чадот штипе и пече. 

Центарот за управување со кризи информира дека огнот е веќе на околу 10 метри од далноводниот столб и жиците од 110 kw мрежа, зад поранешна телевизја „А1“. 

Директорот на ЦУК информира дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис.

Според информациите од скопската противпожарна бригада, пожарникарите предмалку го изгаснале оганот, но некаде на средината на депонијата на место кое во моментов е непристапно за нив сè уште има чадење.