Вардариште, кога ќе порасне, сонува да биде „Хилерод“

Во ек на изборната кампања за градоначалници, каде многумина ќе се обидат да седнат во градоначалнички канцеларии, едно видео на нашинец заминат во Данска покажува како може да се решат македонските депонии. Во време кога денеска попладне во 18 часот, аеродромци повторно ќе ја блокираат крстосницата меѓу Аеродром и Гази Баба за да ги повикаат сегашните и идните надлежни да го реашт проблемот со Вардариште, идејата за решение доаѓа од Данска.
Македонски иселеник покажува како жителите на Данска се ослободуваат од отпадот, шутот, градежниот отпад, гипс-картоните, стариот мебел, гранките, лисјата и искосената трева од дворовите.
Додека загрижените аеродромци му објаснуваат на единствениот в.д. градоначалник каква моќ има да преземе иницијатива и да ги натера своите сопартијци, кои по закон се надлежни за решавање на депонијата вардарите, овој човек му покажа со видео. Нѐ прошета по данската депонија, ја покажа сепарацијата, одвојувањето на она што чини од она што не чини. Во сред таа депонија, покрај контејнери за различен вид смет, има и постројка која произведува топлина за домовите, но и продавничка во која, она што не е комплетно уништено се продава за ситни пари. Кажува и дека компостот што се прави од лисјата, гранките и тревата понекогаш и бесплатно се дели на луѓето за нивните дворови и градини. Погледнете. Сето тоа изгледа како добро уреден парк – нешто што кај нас не го гледаме ни во најуредените трговски стокови паркови или центри.
Како се купува песок, пак, без посредништво на продавачи кои сигурно ќе ве „украдат со стотина килограми“, може да погледнете при крајот на видеото.
Додека нашите градоначалници – намерници, со денови веќе остваруваат средби со граѓани каде собираат идеи на пусулчиња, од вчера пак собираат реки луѓе во главниот град за да го означат почетокот на официјалната кампања, затоа што онаа неофицијалната пак трае вечќе со години, додека во секој град, секое село, секое маало ќе излезат луѓето кои со години не сте ги сретнале, да ги слушнат нивните политички лидери, овој човек дигитално ја достави својата идеа. Со видео! Погледнете го!
Може ли Вардариште да изгледа вака? ако веќе не може да стане ништо друго!
„Хилерод“ во Данска е системот за загревање на домаќинствата, кој дел од електричната и топлинската енергија што ја користи и ја произведува, доаѓа токму од ваквите депонии.