Вардар го прекина тренингот и оддаде почит на жртвите од скопскиот земјотрес


Поминаа шест децении од разорниот земјотрес кој го погоди Скопје и во кој загинаа 1.070 лица, а над 200.000 останаа без кров над глава.

Тренерот на Вардар, Бобан Грнчаров денеска го прекина тренингот и одржа говор по кој со минута молк оддаде почит кон жртвите во катастрофата.

26.07.1963 година е датумот кој Скопје никогаш нема да го заборави.