Вардар ги дозна ривалите од групата од Лига Европа

Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Вардар денеска ги дозна ривалите од групата во Лига Европа. „Црвено-црните“ се во групата Ф, а ривали им се Кристијанстад, Тулуз и победникот од натпреварот Дуго село / Сесвете.
Според квалитетот на екипите „вардарци“ имаат реални шанси за пласман на едно од првите две места, иако имињата на ривалите не се атрактивни.
Алкалоид доколку го мине Хановер во квалификациите за ривали во групата ќе Фредериција, Татран и победникот од дуелот Савехоф – Малме.
Термин за одигрување на првиот натпревар е 14.октомври, а групната фаза завршува на 2.декември годинава.