„Варајати“ ги објави предвидувањата за „Оскар“ – еве кои се фаворитите

Мјузиклот и трилер „Емилија Перез“ води со најмногу номинации за Оскар 2025- 13, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Жак Одиар), најдобра актерка (Карла Софија Гаскоњ) и најдобра споредна женска улога (Зое Салдана). Потоа следат „Бруталистот“ и „Злобница“, со по 10 номинации.
Познатото списание „Варајати“ направи сериозна листа со предвидувања за тоа кои би можеле да бидат кандидати за „Оскар“.