„Варајати“ ги објави првите предвидувања за „Оскар“ – еве кои се фаворитите


Мјузиклот и трилер „Емилија Перез“ води со најмногу номинации за Оскар 2025- 13, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Жак Одиар), најдобра актерка (Карла Софија Гаскоњ) и најдобра споредна женска улога (Зое Салдана). Потоа следат „Бруталистот“ и „Злобница“, со по 10 номинации.

Ноќта на Оскарите треба да се одржи во недела, на 2 март, во театарот Долби во Холивуд. Домаќин ќе биде Конан О’Брајан.

Познатото списание „Варајати“ направи сериозна листа со предвидувања за тоа кои би можеле да бидат кандидати за „Оскар“.