Ванковска за Сиљановска: Отиде на сесија за жени место за Палестина – бидејќи мажите решаваат


Фото: Б. Грданоски

Професорката и екс-кандидатка за претседателка, Билјана Ванковска со свој коментар за учеството на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, каде се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените.

-Да те пратат на сесија за жените додека другите одржуваат специјална сесија за Палестина наликува на патријархалната матрица според која на жените им е место во “кујната” додека “мажите” се грижат за важните работи. Ете, така ја третираат и таа прифаќа без приговор, објави Ванковска.

Таа додаде дека да биде „иронијата поголема, претседателката се залага жена да биде на чело на ОН, зошто нели со личен пример покажа која е разликата кога жена е шеф на држава“.