Ванковска за отсуството на Сиљановска околу Рамковниот договор: Ја бутна главата во песок или во вода?


Фото: Б. Грданоски

 

Професорката Билјана Ванковска излезе со критика до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, бидејќи не се огласи по повод 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

„Да бидеш во Охрид, токму на ‘местото на злосторството’, да си претседателка и да си тераш 12 август со деца , а да го прескокнеш/премолчиш 13-ти, во најмала рака е чудно. Или кукавички – особено кога како професорка си пишувала и предавала за Охридскиот договор?!
Бутната глава в песок или во вода? Или можеби во облаци… Како и да е, сѐ е според онаа на Али Ахмети: како и досега!

Сепак, и наредната година, таа ќе биде во вилата, за прославата по повод 25-та годишнина од етно-политичкиот калабалак во кој живееме. Па, ќе почекаме да смисли некоја поетска порака…“, напиша таа.