Вандализирана новата неотворена градинка во Бутел

Новата детска градинка во Бутел 1, којашто ќе биде отворена во септември годинава е вандализирана, искршени се прозорци, врати, оштетени се хидрантите, а по ѕидовите е чкртано.
МВР има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка, соопштија од градинката.
Градоначалникот Дарко Костовски најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам. Срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви. Градоначалникот упатува апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика.
Во Бутел се градат две нови детски градинки, со кои ќе се реши проблемот за згрижување на дечињата.