Валентин Мирчески претседател на комисијата за одликувања на Сиљановска
Професорот на Инситутот за хемија на Природно-математичкиот факултет, Валентин Мирчески, е именуван за претседател на Комисијата за одликувања и признанија на шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.
За членови на комисијата се именувани Гзиме Старова, Самуел Садикарио, Андријана Јаневска, Ана Дурловски, Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска-Бикова и Весна Петрушевска.