Вакцините против КОВИД-19 добија благослов од Ватикан
Ватикан денеска им порача на римокатоличките верници дека е морално прифатливо да се користат вакцини против КОВИД-19, дури и ако во нивното истражување и производство се користени клеточни линии извлечени од ткивата на абортирани фетуси.
Ова се вели во белешка од Конгрегацијата за доктрина на верата, одобрена од папата Франциск, со која се дава зелено светло за време на пандемијата да се употребат вакцини произведени со клеточни линии добиени од два фетуси абортирани во 1960-те години.
Поради состојбата со пандемијата што е во тек, „сите вакцини признаени како клинички безбедни и ефикасни можат да се користат со добра совест со одредено знаење дека употребата на ваквите вакцини не претставува формална соработка со абортусот од кој потекнуваат клетките искористени во производството на вакцините, се вели во белешката.