Вакцините од Србија, сепак, доаѓаат. Ќе ги донесе Вучиќ утре на Табановце во 10 часот
Утре пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија, информира владината прес-служба.
Од Владата најавуваат дека на примопредавањето ќе присуствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
Пратката вакцини ќе биде предадена на граничниот премин Табановце во 10 часот изутрината, објави прес-службата на српскиот претседател Вучиќ.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне во понеделникот, но испораката беше одложена поради технички причини и барањата на компанијата „Фајзер“.
Станува збор за првата пратка од 4.000 вакцини „Фајзер“ од вкупно 8.000 вакцини кои ги донира Србија.