В среда ќе се засади „Дрво на пријателството“: Заедничко регионално садење, овојпат во Аеродром


Во рамки на регионалното садење дрвја „Дрво на пријателството“, иницирано од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) кое се спроведува во соработка со локални партнери во сите земји од
регионот уште од 2020 година, на 27 ноември, во исто време ќе се засадат речиси 600 садници во 9 градови низ Западен Балкан, и со тоа ќе се одбележи 5-годишнината од иницијативата „Дрво на пријателството“ посветена на подигање на свеста за загадувањето на воздухот.

Оваа година садењето, заедно со нашиот партнер Општина Аеродром, ќе се случи на 27-ми ноември во 10:30 часот, на во зелените површини на ул. „Владимир Комаров“ 6 помеѓу зградите.

Во изминатите години, „Дрво на пријателството“ прерасна во активност која служи како пример за регионална солидарност. Стотици ангажирани граѓани се собраа за да покажат регионална солидарност со засадување на овие дрвја заедно, во исто време низ целиот регион. Овие симултани акции беа организирани не само во главните градови, туку и во помалите градови како Бор, Пеќ, Смедерево, Косјериќ, Зеница, Тузла, Камза. Досега се засадени вкупно 2700
дрвја во 15 градови од 6-те земји од Западен Балкан, во кои се вклучени 19 локални партнери.

„Со „Дрво на пријателството“ првенствено сакаме да покажеме како во пракса може да изгледа регионалната солидарност. Драго ни е што успеавме да вклучиме локални партнери и да ја зголемиме оваа мрежа на партнери во изминатите неколку години. Градовите од нашиот регион се постојано се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот и важно е да се преземат заеднички и конкретни чекори за да се спречи продолжувањето на овој тренд. Садењето дрвја е едно од наједноставните меѓу нив“, објаснува Александра Томаниќ, извршен директор на ЕФБ.

Нашата цел е сè уште иста – да продолжиме да демонстрираме дека со преземање индивидуална одговорност и информирање на јавноста за сериозноста на загадувањето на воздухот и климатските промени, можно е да се направи разлика на локално и регионално ниво. Земјите од Западен Балкан продолжуваат да се на топ листите за најлош квалитет на воздухот во Европа.

Сите граѓани од регионот се подеднакво изложени на смртоносни загадувачи на воздухот.

Петтото издание на „Дрво на пријателството“ го организира Европскиот фонд за Балканот во соработка со локални партнери – Еко Форум од Зеница, Фондација за развој и демократија од Сараево, Картон револуција од Тузла, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, РЕСУ од Камза, Green Renaissance од Пеќ, AirCare од Скопје, КОД од Подгорица, Брани ги шумите на Фрушка гора и Еколошко движење Војводина од Нови Сад и Здружение за развој на градот од Бор.

Создавањето зелени жаришта на мапата на регионот, со истовремено засадување на нашите дрвја на пријателството повторно ќе ја испрати пораката за дејствување локално и размислување регионално.

„Секоја година гледам како граѓани се вклучуваат во акцијата на садење на дрвјата, но и за нивно оддржување и негување после акцијата. Драго ми е дека со вакви чекори успеваме да пробудиме чувство на заедница и нега врз зеленилото кое е и те како потребно на ова наше Скопје.“ вели Горјан Јовановски, еко активист и креатор на аплиакцијата AirCare.