Фаик Арслани e избран за в.д. претседател на Врховниот суд
По разрешувањето на Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, за в.д. претседател е избран врховниот судија Фаик Арслани.
Арслани е роден во 1959 година во селото Добридол –Гостиварско. Студиите ги завршил на Правниот факултет во Нови Сад во рамки на Југославија. Од 2008 година, Арслани е член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието. Од септември, две години подоцна работи како судија на Врховниот суд на Република Македонија.