Ужас во Кабул: Осум лица загинаа по земјотрес со јачина од 5,9 степени


Осум лица загинаа, а едно дете е повредено кога куќа се урна по земјотресот во Кабул, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи на Авганистан.

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан, објави во петокот Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Силно тресење на земјата беше почувствувано во главниот град на Пакистан, Исламабад, главниот град на Авганистан, Кабул и главниот град на Индија, Њу Делхи, според сведоци, пишува Ројтерс.

Земјотресот бил на длабочина од 177 километри, објави GFZ.