Увозните цени на бензинот во март биле пониски за 43,2 отсто


Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) во март годинава се пониски за 25,3 отсто на месечно ниво и за 33,7 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозните цени на моторниот бензин се намалени за 38,9 отсто на месечно и за 43,2 отсто на годишно ниво, кај дизелот намалувањето е 27,4 на месечно и за 38,4 отсто на годишо ниво, а кај автоплиновите на месечно ниво увозната цена е намалена за 28,7, а на годишно за 30,8 отсто.

Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.