Увоз на работник од странство чини 2.000 евра уште на стартот
Зоран Кочоски, од агенцијата за посредување на работа во странство „Коузон“, гостуваше во „Анализа“ на „ТВ24“ и кажа дека увоз на работна сила од земјите од третиот свет е тешко изводливо. Кочоски го кажа своето мислење на најавите на Владата за увоз на работници од странство.
Кочоски вели дека во Македонија има голем увоз на работна сила во моментов и тоа не е регулирано, односно смета дека над 3.500 луѓе се влезени со туристичка виза и работат на црно.