Утврдено кој загадува во Аеродром и Гази Баба – градоначалникот изненаден што е човечки фактор!

Неколку дена социјалните мрежи се полни поплаки од граѓаните на делови од Аеродром и Гази Баба, а за смрдеата се пријавуваше во општините, ЦУК, полиција и други надлежни институции. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски попладнево соопшти дека откриена е точната локација која е извор на загадувањето во Гази Баба и Аеродром, а не може да поверува дека се работи за човечки фактор. Дополнително, инсинуира дека има нарачатели!
Сепак, Стефковски најавува дека по завршувањето на теренските активности ќе излезе со точни информации, а во ова соопштение, лиферувано преку социјалните медиуми, постираше видео со локацијата, но не откри ниту кој е човечкиот фактор, ниту пак кои се нарачателите.
Еве го неговиот пост во целсот:
„По интензивна теренска активност, во која инспекциската служба на Општина Гази Баба беше присутна во текот на целата вчерашна ноќ и целиот ден, УТВРДЕНА е точната локација која е извор на загадувањето што ги зафати делови од општина Гази Баба и општина Аеродром.







Дали ова ќе биде и решение за да престане смрдеата во овие две скопски населби, останува да видиме. Зошто градоначалникот вели дека се работи за еден загадувач, ќе треба да објасни кога ќе се јави со деталите.