Утврдени кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ
Собраниската Комисија за избори и именување ја утврди предлог-одлуката за именување на нови членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.
Марјан Велевски, Билјана Бабиќ, Владимир Палашевски, Давор Пашовски, Ивана Ефремовски, Томислав Кежаровски, Миле Гроздановски, Бурим Рамадани, Мубајдин Ќамили, Беќим Лачи, Патриот Лумани и Маја Седраг се кандидатите кои ќе одат на гласање на пленарна седница.
Пратеникот од „Вреди“, Ријад Шаќири, предложи пет кандидати за членови на Програмскиот совет од албанската заедница, но од предложените не помина Ведат Мемедалиу, кој не ги исполнувал условите, а потоа пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ ја предложи Маја Седрак.
Шест години јавниот сервис – Македонската радио-телевизија функционира со в.д. Програмски совет, тело кое според законот треба да гарантира независност, професионалност и јавен интерес во креирањето на програмската политика.