Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени.
Следуваат -2 во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка, Kрушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп, Mаврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор, Виница, 1 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид, Велес, Кавадарци, 2 во Тетово, 5 во Куманово и 7 во Гевгелија.
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.