Утре улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓорѓов“ ќе останат без вода


Фото: Б. Грданоски

Утре, 07.07.2022 година, поради дефект на 2 затворачи ф-80 мм на „Народен фронт“ 3 ќе има прекинато водоснабдување.

Во најавата на Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација се наведува дека корисниците на дел од ул. „Народен фронт“ (од број 3 до број 17) и „Васил Ѓорѓов“ зграда 18 и 20, во текот на утрешниот ден ќе немаат вода.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.