Утре стартува мисијата на ЕУ за мониторинг на судскиот систем

Како што неодамна најави амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Европската комисија распоредува мисија за рецензија во Северна Македонија за да се фокусира на функционирањето на Судскиот совет.
Тим експерти од земјите-членки на ЕУ ќе ја испита институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки, вклучително законодавни и институционални мерки, со цел да се зајакне независноста, непристрасноста и кредибилитетот на ова важно тело за управување со судството .
Водач на тимот e Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска, кој ќе ја посети Северна Македонија на 27 и 28 јули за да ја започне мисијата, со идентификување на обемот на работата на тимот. Работата ќе биде завршена со поддршка на тим експерти од земјите-членки на ЕУ, кои ќе ја посетат Северна Македонија во септември 2023 година.