Утре сите во Градски парк за да научите како се создаваат дабови садници


За рисот, срната, зајакот, волкот, лисицата, мечката, птиците… 

Утре, 26 октомври, Македонското еколошко друштво организира едукативен настан за создавање дабови садници, кој ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.

– На овој настан, сите присутни граѓани ќе имаат можност да научат како од собраните желади под стеблата на дабовите дрва, може да создадат сопствени садници во саксии направени од стари весници. По една година, овие садници ќе можат да се засадат во природа, придонесувајќи кон обновата на шумите. Ве очекуваме да се приклучите кон нашата заедничка акција за зачувување на природата, се вели во поканата од МЕД. 

Настанот ќе се одржи утре во Градски парк (кај третото езерце), со почеток во 11 часот.