Утре прво прскање против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, недела, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.