Утре протест во Скопје: воведен посебен режим на сообраќај
Утре, 31 јануари со почеток во 12 часот, ќе се одржи протестен марш „Стоп за Усје“ во Скопје. Трасата на движење ќе биде од пред Владата на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, потоа по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје за време на настанот.
Апелираме до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.