Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Прв до врв“


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи утре ќе воведе посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се одвива спортско-рекреативна трка „Прв до врв“ во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Какао што информираат од МВР,  почеток на манифестацијата е во 9:45 часот,  а трасата на движење на велосипедската трка е од пред Музеј на град Скопје на улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст“).

Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст“).

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката