Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради хуманитарниот меч Вардар-Црвена Ѕвезда


Фото: Б. Грданоски

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.