Утре попладне пороен дожд и град – внимавајте на громови


Фото: Б. Грданоски

Од УХМР известуваат дека утре попладне ќе има локална, а во текот на следната седмица честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Во Скопје во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.