Утре, насекаде снег – во Скопје послабо
Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Потоа до сабота ќе се задржи претежно стабилно време со пораст на температурите, а по одделни котлини ќе има појава на магла.
Од сабота кон крајот на денот до понеделник претпладне повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
