Утре и задутре сообраќаен режим на „Александар Урдаревски“

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300 метри, утре и задутре ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 12.04.2023 година (среда) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во четврток, на 13.04.2023 година, во истиот временски период на другата спротивна насока – известуваат од ЈП „Улици и патишта“.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.