Утре без вода населбата Трнодол


Без вода утре од 9:00  часот ќе бидат корисниците од населбата Трнодол.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица од ф 80мм на улица „Кнез Хадсон“ бр: 2.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.