Утре без вода две улици во Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 39, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и од улицата „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.