Утре, без струја и вода, полициската и амбулантата Центар, но и Визбегово и Никиштани


Фото: Б. Грданоски

Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од дел од с. Никиштани. (Општина Ѓорче Петров), од 8.30 до 13.30 часот корисниците од дел од ул. „Орце Николов“, поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, од 11 до 12часот, утре, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. „5“ во населба Визбегово, во Општина Бутел.

По добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, пак, РЦУК Скопје информира дека поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник ф-1 coll, на ул. „Стив Наумов“ бр. 77, утре од 9 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Стив Наумов“, „Пролет“, „Тетовска“ и објектите на Амбулантата на МВР и Полициската станица во Општина Центар.