Уставниот суд поведе постапка за изградбата на бензиска пумпа спроти базенот „Младост“


 

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за oдлукаta на Советот на Општина Карпош од од 3.3.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на oдлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош, на дел од сообраќајната инфраструктура.

Имено, Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото. Дополнително, на денешната седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената oдлука, или воведена е т.н. времена мерка се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука.