Уставниот суд го отфрли барањето на Тања Каракамишева за Преспанскиот договор


 

Нема повреда на правото  на слобода на мисла и изразување или забрана за дискриминација со Преспанскиот договор, па барањето на професроката Тања Каракамишева беше отфрлено на денешната седница на Уставниот суд.

Судија известител беше Осман Кадриу и то рече дека дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди според нашиот Устав се пружа уставно судска заштита, но дека мошне важно е овие права да се повредени со поединечен акт или дејствие на орган или институција.

„Спогодбата не претставува индивидуален акт. Спогодбата и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица“, изјави Кадриу.

Според Кадриу, клучно е тоа што со Преспанскиот договор и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање.

Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, бараше од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт.

Судијата Осман Кадриу рече и дека времената мерка е беспредметна. Каракамишева пред да го поднесе барањето пред Уставниот суд се обрати до Граѓанскиот суд во Скопје, кој се прогласи за ненадлежен да одлучува.